Za nas
Klubovi
Fotografii
Aktuelno
Uprava
Vo idnina
Мojata tatkovina
Linkovi
Kontakt

ВЛАДИМИР РАЛЕВ
Владимир Ралев е роден во 1932 година во Гевгелија. Во своето родно место се стекнува со основно образование, а гимназија завршува во Велес.На универзитетот во Белград дипломира на историја на уметноста и археологија и во текот на своето натамошно школување завршил и висока школа за трговија.
Неговиот работен ангажман се одвива во повеќе земји во светот. Во сегашниот период тој живее и работи во Женева, Швајцарија.
Владимир Ралев спаѓа во редот на најголемите македонски бизнисмени во светот. Во 1980 ја отвори својата компанија Џора трејд која се занимава со производство, маркетинг и менаџмент.
Компанијата е еден од поголемите производители на памук и памучно предиво, платно, печатено платно, обоено платно и др. Во погоните на компанијата во Пакистан и Источна Африка се вработени над 200 работници, како и соодветен број на високо стручен кадар.
Напоредно со својот службен ангажман, Ралев на мошне широка основа во светот ја афирмира Македонија, нејзината историја, положбата и правата на Македонската правславна црква и сл.
Владимир Ралев е еден од најголемите македонски донатори и хуманист со широк опсег на дејствување, како во светот така и во рамките на Република Македонија, односно меѓу деловите на македонскиот народ што живеат во соседните земји. Неговите досегашни донациии на Република македонија изнесуваат повеќе стотици илјади евра, а значајни средства се издвојуваат за финансирање на активностите на национален и културен план кај македонците во соседните земји.

Разговор со Г-не. Ралев

што пишуват за мене весниците


Home

Fragen oder Probleme in Zusammenhang mit dieser Website richten Sie bitte an [dobre@hispeed.ch].
Alle Rechte vorbehalten.
Stand: Sonntag, 02. Mai 2010.

www.oglasi.com.mk    Novo Novo Novo !!!!!!!!!!!!!!!!